(ФОТО) Адријана Лима се прости од Victoria’s Secret: Што ќе работи сега супермоделот

Добивај вести на Viber

Дојде крајот на една ера: Адријана Лима се прости со ангелските крилја на Victoria’s Secret. 37-годишниот модел објави се збогува со VS по 20 години и 18 модни шоуа со познатиот бренд за долна облека.

По овој легендарен престој во VS, каде ќе оди Лима понатаму? Според People, таа го свртува вниманието кон проекти кои се фокусираат на жените.

- Со нетрпение очекувам да ги поддржувам жените и да се поврзам со различни проекти кои ги поддржуваат жените ширум светот- изјави таа пред нејзиното последно модно шоу денес.

- Тоа е мојата иднина од сега, но сепак сум среќна што сум дел од Викторија Сикрет оваа година -додаде таа. Таа раскажа дека за неа ова последно шоу е специјално.

На пистата Лима беше емотивна, а изгледаше секси како и секогаш.

- Почитувана Викторија. Ти благодарам што ми го покажа светот, ги сподели твоите тајни, и што е најважно не само што ми даде крилја, туку да ме научи да летам. За сите фанови, со љубов, Адријана- напиша светскиот супер модел на својот профил на Инстаграм под видеото кое ги покажува сите нејзини шоуа низ годините.

Бразилскиот супермодел стана синоним за брендот на долна облека и за време на нејзиниот речиси 20 годишен мандат, таа го отелотвори идеалот за ангелот.