(ФОТО) Актерката изгуби 20 килограми: Престана да конзумира само една намирница

Добивај вести на Viber

Англиската актерка Лаура Нортон изгуби неверојатни 20 килограми, а клучот на нејзината витка линија лежи во многу едноставна одлука.

Таа од своето мени исфрли само една работа. Станува збор за газираните сокови и соковите со голема количина шеќер.

- Пиев околу 2 литри сок дневно, не знаејќи колкава количина шеќер има во него. Сега знам дека тоа многу влијаеше на мојот организам и на зголемувањето на килограмите- раскажа Лаура.

Студиите покажуваат дека газираните пијалоци ја зголемуваат потребата за храна, па такво чувство се јавува и кога не сме вистински гладни. Освен тоа поттикнува и складирање масни наслаги.

- Ако се обидувате да ослабнете, се препорачува да конзумирате вода и цедени сокови без додаток на шеќер. Освен сокови, престанав да конзумирам и слатки. На почетокот ми беше тешко, но сега се чувствувам многу подобро. Си дозволувам понекогаш да се почестам со некое слатко задоволство. Иако сакам благо, никогаш не би си дозволила да се вратам на старата килажа- завршува таа.

Фотографиите се доказ дека со дисциплина можат да се постигнат неверојатни резултати.