(ФОТО) Алачки и внуката Јана си играат самовили
Адријана Алачки ужива во игрите со својата внука Јана, која има неполни четири години. „Со магичното стапче се претворивме во умна баба и умна внука“, напиша Алачки под фотографијата.
„ Јана, сонцето бабино. Среќно дете на Грациела и на Игор Димовски. Тоа со зборови не се искажува. Прекрасни и грижливи родители, секоја чест. Ја гледам недоволно колку што сакам и колку што имам потреба. За мене е најубавиот момент кога Јана ќе дојде кај баба и кај вујче на гости. Целото внимание е кон неа, рефреш состојба“, изјави пејаката и автор на емисијата „Вкусот на традицијата“ во интервју за Женски магазин.
За својот 51 роденден, Алачки , која е и претседале на здружението „Гастромак“ си посака да добие уште внуци. Роденденско изненадување минатото лето, на Алачки ѝ подготвија ќерката Грациела и зетот Игор, а таа е беше најсреќна што свеќите на роденденската торта ги изгаснала со внуката Јана.
Адријана со ќерката, зетот и внуката
„ Кога ги дувнавме свеќите со Јана, си посакав да ми се живи и здрави децата, внуката и сите нивни и мои сакани. Си посакав и уште внуци“, ни раскажа Алачки.