(ФОТО) Белото им е слабост: Зорица Заева и Љупка Митрова во тон

Добивај вести на Viber

Инфлуенсерката Љупка Митрова не пропушта ниту еден забавен настан во нејзиниот роден град, Струмица.

Атрактивната Љупка, сношти се дружеше со Зорица Заева, сопругата на премиерот Зоран Заев. Заева и Митрова во друштво на пријатели беа на традиционалниот настан „Струмица опен“.

Двете дами беа облечени во слична комбинација, Љупка во бела кошула со долги ракави и тексас шорц, а Заева во бела маица од свила со тантела и фармерки. Белата боја е една од омилените и на Митрова и на Заева, и на други настани се појавувале во неа. 

Сношти на „Струмица опен“ се одржа вечер посветена на Тоше Проески. Успешен настап со хитовите на Тоше имаа Александар Јанева, Васил Гарванлиев и Марко Логаут.