(ФОТО) Блеска во петтата деценија: Актерката ја покажа совршената линија

Добивај вести на Viber

Актерката Џејда Пинкет Смит (47) на својот профил на „Инстаграм“ објави неколку фотографии од летниот одмор на кои позира во костим за капење. Сосема оправдано, нејзините обожаватели имаа само пофални зборови за нејзиниот изглед.

Иако во повеќе наврати истакна дека во прашање е добра генетика, сосема е јасно дека сопругата на Вил Смит вежба редовно за да има ваква совршена линија. 

Во едно интервју откри дека секојдневно има кардио-тренинг кој трае 20 минути.

- Сите мислат дека мора да бидеш во теретана најмалку еден час. Јас никогаш не тренирам повеќе од 45 минути - изјави Џејда.