(ФОТО) Бојана Скендеровски е весела трудница

Добивај вести на Viber

Водителката и пејачка Бојана Скендеровски во елегантен црно-бел фустан се појави на снимањето на нејзината емисија „Улица Македонија“. 

На снимањето на емисијата, водителката, која е во поодмината бременост облече сандали на тенки, високи потпетици. Бојана во секоја емисија знае и да запее со гостите, а според фотографијата, и следното издание на „Улица Македонија“ ќе биде весело.

Убавата вест за бременоста, Бојана ја сподели со фановите на социјалните мрежи. Таа и нејзиниот сопруг Васко веќе ја имаат ќерката Искра која лани во октомври наполни една година. Во интервју за  „Женски магазин“ Бојана претходно изјави дека мајчинството многу ја променило на подобро. 

- Ме промени комплетно. Ме научи да заборавам на себичноста, ми покажа колку сум му потребна на едно мало суштество, кое е комплетно зависно од мене. Ќерка ми е сега во најинтересна фаза. Многу е активна, темпераментна, сака да пее и многу е музикална. Ми се исполни желбата да биде музикална на мене, затоа што татко и не е по музиката - ни откри Бојана.