(ФОТО) Брижит Макрон во костим за капење кој ѝ прилега на секоја жена без разлика на возраста и фигурата

Добивај вести на Viber

Фото: printscreen youtube /Intervention de Brigitte Macron sur la lutte contre le harcèlement entre élèves/ Emmanuel Macron

Познатите дами секогаш се под лупа на јавноста, особено кога станува збор за нивниот стил. Така една од познатите жени чија облека предизвикува најподелени реакции во последните години дефинитивно е Брижит Макрон.

За многумина, француската прва дама е олицетворение на деловната елеганција. Секогаш е соодветно облечена за пригодата, никогаш не греши во модата и всушност секогаш изгледа беспрекорно.

Ова е мислењето на модните експерти, со кои често не се согласуваат коментаторите на социјалните мрежи. Најмногу ја критикуваат првата дама поради изборот на облека и ја сметаат за несоодветно облечена за нејзината возраст, особено кога ќе се појави во кожени панталони или тесни фармерки. Брижит не се замара со ова и продолжува да носи комбинации по нејзин вкус

Изненадувачки, никој немаше замерки за нејзиниот избор на костим за капење. Кога фотографиите од минатогодишниот летен одмор на двојката Макрон го обиколија светот, беше јасно дека таа претпочита класични модели кога се во прашање костими за капење.

Фото: Profimedia

Брижит и Емануел уживаа во „Bormes-les-Mimosas“, каде што се наоѓа тврдината Бреганкон, која во 1968-ма година стана официјална летна резиденција на француските претседатели.

И додека францускиот претседател уживаше во возење џет ски, првата дама се препушти на пливање и сончање. За најлежерните летни активности таа одбра класичен црн едноделен костим за капење.

Фото: Profimedia


Исто како и малиот црн фустан, неутрален црн едноделен костим за капење е секогаш одличен избор. Добро им прилега на жените од сите генерации и фигури, а многу дами ќе го изберат овој класик наместо трендовски шарени модели со најразлични апликации.

Извор: zadovoljna.dnevnik.hr