(ФОТО) ЦЕЛ СВЕТ ЈА ОБОЖАВА: Таа има 90 години но на Инстаграм е посекси и од топ манекенките

89-годишната Хелен Рут или Бади, како што е подобро позната, докажува дека возраста не е пречка за славата. 


Нејзините први фотографии во Инстаграм се појавија пред четири години, кога нејзината внука ѝ помогнала. 

И оттогаш таа собира се повеќе фанови со начинот на живот, а нејзините следбеници надминуваат 3 милиони! 


Шармантната баба стана славна личност кога нејзини обожаватели стануваат дури и Ријана и Мајли Сајрус. 

Нејзините фотки се незаборавни а Хелен неодамна напиша книга каде што кажува за нејзините животни правила и нејзиниот однос со модата и многу други работи.


 Хелен е бранител на легализацијата на лесни наркотици и учествува во разни социјални проекти. Таа смета дека да им се смешкате на луѓето и да бидете добри кон другите е рецепт за среќен живот. 

Без оглед на нејзината  возраст, таа води активен животен стил. 

Ѕвездата на Инстаграм успеала да даде интервјуа за такви изданија како CNN Money, New York Times, New York Daily News, The Telegraph.