Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Чизмите кои мора да ги имате оваа зима
Со светкави кристали или со парчиња „стакло“, чизмите кои потсетуваат на диско-топка се идеалните обувки за оваа зима. Во комбинација со свечен црн фустан или искомбинирани со фармерки, блејзер и ретро-маица, сеедно, нема да погрешите.
„Диско чизмите“ се достапни за сечиј џеп. Маноло Бланик и Џими Чу претставија модели комплетно покриени со светки на висока тенка потпетица, а Ив Сент Лорен нуди модели со мала четвртаста потпетица.
Слични модели можете да пронајдете по пристапни цени од брендовите H&M и River Island, а во продолжение ви претставуваме уште неколку модели кои нам ни се допаднаа.