(ФОТО) Чорапите ѝ го расипаа стајлингот: Модна утка на Моника Белучи

Добивај вести на Viber

Иако со својата појава речиси секогаш предизвикува воодушевување кај сите, славната италијанска актерска дива и една од најсексапилните жени на светот, овој пат предизвика и по некоја критика со модниот избор.

Белучи на еден настан се појави во тренди фустан со животниски принт и црни сандали од Кристијан Лубутен, но под нив таа имаше црни тенки чорапи кои според мислењето на многумина го расипаа инаку одличниот стајлинг на актерката.

Критичарите ѝ замерија и дека Шанел чантата е премногу црна за целата комбинација и оти ѝ недостасуваат светли нијанси.