(ФОТО) Црногорците им посакаа добредојде на Бекамови

Добивај вести на Viber

Дејвид и Викторија Бекам неодамна прославија 19 годишнина од бракот, а како дестинација за одмор годинава го одбраа Св. Стефан, кој е омилено место на славните личности.

Поранешниот фудбалер беше сликан при излез од авионот, а Црногорците како вистински домаќини му посакаа топло добредојде.



Иако парот поставија услови за престојот, меѓу кои е и целосната приватност, изгледа дека тоа не претставува проблем за папараците кои успејаа да направат слика од Викторија додека ужива на лежалка.

Инаку, парот повторно докажа дека гласините за нивниот развод се обични шпекулации.