(ФОТО) Дали Џил Бајден (69) може да застане на модниот трон на кој беше Меланија Трамп (50)?

Добивај вести на Viber

Поранешната американска втора дама Џил Бајден, сега веќе прва дама на САД и досега го следеше сопругот Џо Бајден каде и да оди, па нејзиниот изглед и говор се она што моментално ги интересира луѓето ширум светот.

Џил Бајден има 69 години и на светот му е позната како Втора дама, имајќи предвид дека нејзиниот сопруг Џо Бајден беше потпретседател на САД од 2009 до 2017 година.

Џил е професор по англиски јазик на Универзитетот во Вирџинија и неколку пати изјави дека има намера да продолжи да работи како професор, дури и ако стане прва дама на Америка.

 "Ако стигнеме во Белата куќа, имам намера да продолжам со наставата. Тоа е важно. Сакам луѓето да ги ценат професорите и да бидат свесни за нивниот придонес во општеството".

Џил Бајден работи како професор цели 36 години, а оваа работа ја вршеше и додека нејзиниот сопруг беше потпретседател во администрацијата на Барак Обама.

Што се однесува до модниот стил, Џил не заостанува ни на тоа поле, но дали може да ја надмине познатата Меланија Трамп?

Во прилог, погледнте ја галеријата со некои од модните изданија на новата прва дама и пишете ни што мислите.
Како ви се допаѓа стилот на Џил како прва дама?
фотографии: Profimedia