(ФОТО) Деа Ѓурѓевиќ заздравува: Уште само една сложена операција

Добивај вести на Viber


Водителката Деа Ѓурѓевиќ успешно ја води борбата за своето здравје, која ја започна на седми февруари, кога ја удри автобус и и ја откина раката.

После неколку операции, водителката ја очекува уште само еден тежок зафат.

- Големиот хируршки тим составен од неколку микрохирурзи, неурохирурзи и отропеди треба да направи многу сложена операција. Тие ќе пресадат нерви од нозете во повредената рака на Деа, за во потполност да и се врати подижноста на раката- раскажа извор упатен во здравствената состојба на водителката и објасни дека исходите на ваквите постапки често се неизвесни.

Според проценките на лекарите не би требало да има проблеми и процесот ќе помине без поголеми компликации. Деа ја чека долг период на заздравување, треба повторно да учи да ја мрда раката. Но бидејќи е храбра и упорна, сите се сигурни дека ќе се избори и сега.

- Јас сум во болница, а мојата здравствена состојба е добра. Следи период на рехабилитација и заздравување- кажа Деа.