(Фото) Дејвид Бекам во солзи од изненадувањето: Го прослави својот 43-ти роденден и се уште е неверојатно секси!
Дејвид Бекам дури и не замислуваше дека 43-тата роденденска прослава ќе измами солзи на неговите очи, а за се тоа е „виновна“ сопругата Викторија, која ја организираше прославата, но и едно посебно изненадување!
Прославата се одржа во еден лондонски ресторан и сосема неочекувано им се придружи нивниот најстар син, Бруклин, кој во моментот живее и студира во Њујорк!
Тоа беше изненадување за тато Дејвид што го расплака, а сето беше снимено од мама Викторија.
Имено подготовките за роденденот на славниот фудбалер траеа денови, а целата организација ја презеде модната дизајнерка Викторија. На нејзиниот профил на Instagram можете да ги видите фотографиите од многуте подароци што семејството ги подготви за Дејвид, но исто така и заедничка фотографија од нивниот дом каде што недостасува само Бруклин, кој им се придружи во ресторанот.