(ФОТО) Деталите ќе ве распаметат: Цеца во куќата на нејзините родители

Српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ моментално е на посета во своето родно место, а времето го поминува во друштво со семејството, додека за обожавателите сподели фотографии од лице место. 

Цеца Ражнатовиќ пред сите нејзини следбеници покажа како изгледа куќата на нејзините родители и одвнатре и однадвор, а со овој нејзин потег постигна доста внимание на социјалните мрежи.


И покрај бурното минато, навистина изгледа радосно. Таа очигледно ужива кога е дома покрај нејзините најблиски, но и во домашната атмосфера која ја нуди нејзинот прекрасен дом.

Широки тераси, огромни прозорци и многу зеленило, се гледаат од сликите кои ги сподели Цеца, а на сликата одвнатре, прилично опуштена и среќна, Цеца покажа колку е убаво да си дома.