(ФОТО) Длабок шлиц на 61 година: Мелани Грифит во смела креација

Добивај вести на Viber

Мелани Грифит многу добро знае да ги истакне адутите по кои е позната. Славната актерка која има 61 година, на премиерата на филмот „The Peanut Butter Falcon“, во Лос Анџелес, во кој главната женска улога ја игра нејзината ќерка Дакота Џонсон, се појави во шик издание за кое не се осмелуваат ни многу помлади од неа.

На прв поглед креацијата изгледа едноставно: комбинезон, палто, штикли и мала чанта. Но, комбинезонот има еден многу впечатлив детаљ, длабок шлиц од внатрешната страна на двете ногавици. Актерката и како помлада беше позната по истакнувањето на нозете, а и сега, неколку децении подоцна, многумина ѝ завидуваат на изгледот.

Ваквиот крој е идеален начин да се нагласи сексапилот на доскретен начин, велат модноте критичари.