(ФОТО) Добредојде Мелоди: Музичарот Франц стана татко во Холивуд

Музичарот Владимир Крстевски-Франц стана татко. На својот Фејсбук профил, Франц објави дека на први јуни, неговата сопруга Ема ја родила ќерката Мелоди.

„На први јуни, се роди мојата ќерка Мелоди Франц Крстевски. Ѝ посакувам добредојде на овој свет. Нашите срца се преполни со љубов и благодарам бескрајно на убавите честитки“, вели поранешниот гитарист на групата „Нокаут“, кој со семејството пет години живее во Лос Анџелес.

Франц со сопругата Ема 

Крстевски вели дека живее многу близу до „Долби театарот“ во Холивуд, каде што се одржуваат Оскарите.