(ФОТО) Другата во мене: Цеце Црнокрак горда на ќерка си

„Другата во мене“, напиша докажаната манекенка и презентер на вести, Светлана Црнокрак (43), под фотографијата на која позира со поголемата ќерка. 

Моника која студира на Економскиот факултет веќе тргна по стапките на своите родители освојувајќи неколку титули за убавина, меѓу кои и онаа од нејзиниот дебитански настап во 2018 година за Мис фотогеничност на изборот за Мис лето Интернационал, во Киренија, Кипар.

Мики и Светлана Црнокрак кои се повеќе од две децении во брак, ја имаат и ќерката Нина.