(ФОТО) Две пролетни комбинации кои се хит оваа сезона

Добивај вести на Viber

Секогаш сме тука да ви предложиме парчиња со кои ќе го доведете до совршенство вашиот стил оваа пролет.

Затоа овојпат ви нудиме две различни комбинации, во зависност од вашиот стил, како и од приликата за која ви се потребни.

1. Деловен комплет од палто и здолниште

Пролетта е свежа и поради тие причини време e да размислите за некое ново палто. „Bella“ има одличен моден предлог за вас. Ви го претставуваме палтото „Наоми“.

Ова елегантно бежово палто го има луксузниот и кралски шмек што секоја дама со софистициран и педантен стил обожува да го истакнува преку своите секојдневни стајлинзи. Палтото е тесно и припиено на вашиот горен дел од телото. Тоа е кратко и одлично одговара со било какво молив здолниште или пак пантолони. Едноставно оставаме на вашата фантазија за создавање на дневна модна приказна. 

За да направите идеална комбинација, а воедно и да створите комплет кој ќе биде пресуден за вашите деловни предизвици и победи, ви препорачуваме палтото „Наоми“ да го искомбинирате со истоименото здолниште. Ова е прекрасна најава на најубавата модна сезона - пролетта, а и ваш правилен потег за да ja истакнете префинетоста на модниот вкус. 

Новото здолниште од последната колекција на „Bella“ ќе ве зашемети со својата едноставна префинетост.

„Наоми“ е тесно и припиено здолниште со висок струк и должина над колена. За да ви овозможи комоција и леснотија при движењето, има отвор во задниот предел така што вие ќе чекорите без никакви проблеми и ќе се чувствувате пријатно во текот на целиот ден. Здолништето ја има најпрефинетата боја - бежовата.

Тука е  блузата „Наоми“, која поради својата едноставниот, но и софистициран дизајн, и може да се комбинира лесно со останатите парчиња облека. Таа подеднакво добро би изгледала со еднобојна, но и шарена гардероба. На тој начин ќе ви ги олесни утрата и нема да ви предизвикува дополнителни главоболки во поглед на комбинирање.


2. Смарт кежуал комбинација

Оваа комбинација е една од нашите омилени за пролетните денови. Станува збор за кошулата „Капри“ која е „must have“ парче во гардероберот на една дама. Може да се носи и на панталони и на фармерки, како и со високи потпетици и со патики.

Најдобар избор сепак се припиените панталони „Капри“, кои имаат интересен крој на краевите. Одличен избор за смарт кежуал комбинација.


Македонскиот моден бренд „Bella“  не престанува со изненадувањата за своите клиенти.

Овојпат за да се награди довербата на редовните потрошувачи, „Bella“ овозможи одредени поволности и промоции за најлојалните клиенти кои може да ги дознаете на нивната веб-страница klub.bella.mk, на која може да прочитате и многу интересни содржини за мода, стил, убавина, здравје, јавни личности и нивното секојдевие, како и многу совети.


Сите модели можете да ги купите онлајн од новиот Bella Eshop и да ги добиете на вашата домашна адреса.