(ФОТО) Џенифер Лопез и во тренерки изгледа секси

Добивај вести на Viber

Без разлика дали ќе се појави во формално издание, во провокативен фустан или пак ќе одбере опуштен спортски аутфит, Џенифер Лопез не поминува незабележително. Латино ѕвездата овојпат прошета по улиците на Њујорк во темноплави тренерки. 

Ги искомбинира со едни од најпосакуваните патики потпишани од Александар Меквин кои по изгледот премногу потсетуваат на најпродаваниот модел на Адидас - Стен Смит. Сепак, за разлика од цената на овој популарен high street модел, овие дизајнерски патики чинат околу 400 евра.

Освен со луксузни патики, Џеј Ло стајлингот го надополни со култната чанта Хермес која исто така чини „мало богатство“.

Фото: Profimedia