Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Џоан Колинс на 85 години покажа што треба да носите оваа зима
После подолго време, папараците успеаја да ја начекаат Џоан Колинс. Легендарната актерка и нејзиниот три децении помлад сопруг, филмскиот продуцент Перси Гибсон, се фотографирани пред еден ресторан во Лос Анџелес, познато свртувалиште на славни холивудски имиња.
Облечена во комплетно црна комбинација, Колинс уште еднаш покажа зошто е филмска дива. Особено интересно парче е сукњата изработена од екстравагантен брокат која е искомбинирана со свилена кошула и кратка кожена јакна со детали од крзно со која, пак, одлично одговараат високи кожени чизми со шпиц.