(ФОТО) Едина Муса ја запали Америка: Тело какво секој посакува
Поранешната кошаркарка и сегашен фитнес тренер Едина Муса пред извесен период замина во САД. Таму е кај нејзиното момче Серџо Спасов.
Згодната бринета и таму се посвети на своето тело и со сигурност важи за една од најатрактивните спортистки, а има тело какво секој посакува.
- Не секогаш мотивот е главна причина да си ја остварам целта што ја имам зацртано. Верувам дека дисциплината е многу поважна и дека таа ме води напред. Секако дека добивам мотивација и од постигнат резултат, но главна причина за да се радувам на успесите се сите оние кои ме следат во мојата работа и моите постигнувања. Бесценето е чувството кога добивам пораки и пофалби од луѓе на кои им се допаѓа тоа што го правам , знаејќи дека на некој начин сум помогнала да си го најдат својот пат. Убаво е кога знаеш дека влијаеш позитивно со напорна работа и кога некој зема пример од цела таа приказна. Тоа ми дава мотив- изјави таа неодамна за Женски Магазин.