Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Едноставен и тренди фустан на Џенифер Лопез за кој сите зборуруваат
На секое појавување, Џенифер Лопез остава свој печат, што и да облече. Кога латино-дивата носи фустан, тогаш тоа изгледа вака.
Овој пат, Џеј Ло се прошета низ улиците на Њујорк со својот сврешник Алекс Родригез и облече црн фустан кој ја следи линија на телото. Фустанот е со долги ракави со животнски принт во долниот дел.
Црната Хермес чанта од крокодилска кожа, црните салонки и наочарите за сонце се детали кои успешно ја заокружија оваа на прв поглед едноставна модна комбинација.
Меѓутоа, деталите ја прават разликата и Џеј Ло тоа многу добро го знае, особено ако се во прашање детали како тренди дезенот кој е еден од најпопуларните, во вид на животниски принт.