(ФОТО) Едноставна елеганција: Брижит Макрон во темносино издание

Добивај вести на Viber

Брижит Макрон, сопругата на претседателот на Франција, Емануел Макрон, повторно воодушеви со својот стајлинг.

Првата дама на Франција се појави во едноставен краток темносин фустан со рамен крој и долги ракави.

Стајлингот го пополни со темносини салонки со потпис на „Луј Витон“, а и за чантата беше задолжена истата модна куќа.

Од модни детали, Брижит избра ненаметлива црвена белезица.

Брижит си остана доследна на својот препознатлив едноставен стил со доза на елеганција, без разлика што модните критики велат дека е досадна.