Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Едноставни и шик: Сашко Коцев во тон со сопругата
Актерот Сашко Коцев и неговата сопруга, докторката Смиљана Бундевска сношти беа гости на забавата по повод 40. роденден на брендот „Пепси“.
Едноставна и шик, Смиљана избра зелен фустан со миди должина и балетанки. Облеката, таа ја надополни со ефектен накит и црвена плик чанта. Коцев облече зелено палто, во тон со својата сопруга.
Фото: В.ТануровскиСашко ја побара Смиљана за жена на оригинален начин, на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“ во Универзалната сала во февруари во 2012 година. Се венчаа истата година во септември. Во октомври во 2017 година, Смиљана и Сашко ја добија ќерката Јоана.