Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Елена Ристеска непрепознатлива
Времето лета, вели Елена Ристеска под фотографијата која ја објави на својот Инстаграм профил.
Елена се присети на времето кога беше дел од жирито во музичкиот натпревар за таленти „М2“, на неговите аудиции. На сликата, пејачката е со поинаков имиџ од денешниот, со собрана коса, влечатлив накит, и изразено деколте.
Кога и да се појави во јавноста, Елена изгледа одлично и привлекува внимание. И самата таа , својата кариера ја започна како дел од талентите на „М2“, како победник во шоуто за 2002 година со песната „Она другото“. Тогаш, поради облеката многумина ја нарекуваа „девојчето со чорапчињата“. Елена е актуелна по дуетот со српската пејачка Данијела Кариќ, за песната „Срца се погреше“.