(ФОТО) Емилија Розман гола за модна кампања

Добивај вести на Viber

Манекенката Емилија Розман објави фотографија во издание во какво што до сега не сме ја виделе. Сосема гола, обоена со златна боја, Розман на својот Инстаграм профил најави нова модна кампања.

Под уметничките фотографии, таа напиша: „Се спремаме“, но не откри за каков проект се работи. Розман е сѐ уште актуелна Мис на Македонија за Мис на светот. Таа беше избрана за најубава Македонка во 2015 година, а веќе три години по ред, поради немање средства, организаторката на националниот избор за убавина, Лидија Велковска не испрати кандидатка на изборот за Мис на свет. 

Розман е наш познат модел, водителка, дипломиран дефектолог и волонтер во Црвениот крст. Велковска ја испрати Розман на Мис на светот 2015 во Саниа, Кина, како нејзин интерен избор. И покрај тоа што не беше организиран јавен кастинг или шоу на кое со публика ќе се избере најубавата Македонка, јавноста се согласи со изборот на организаторката поради квалитетите на Розман.