(ФОТО) Емина, Розга и Беквалац меѓу најдобро облечените пејачки на MAC

Добивај вести на Viber

Во вторникот, во белградската Штарк арена се одржа најголемото регионално музичко случување, Music Award Ceremony (MAC). 

Наградата за најдобра колаборација замина во рацете на Емина Јаховиќ и Жељко Јоксимовиќ за песната „Два авиона“. Емина освои награда и во категоријата најдобар видео запис за песната „Лимунада“ со колешката Милица Тодоровиќ. Пејачката на настанот се појави во раскошен фустан во корална боја.

Наградата на најдобра поп нумера на женски изведувач ја освои хрватската блондинка, Јелена Розга. Таа изгледаше одлично во долг бел фустан со исечоци.

Пејачката Наташа Беквалац имаше впечатлив настап искомбиниран од неколку свои хитови, а на црвениот тепих се појави во впечатлив фустан во мастилно сина боја. Во делот кај половината, на фустанот имаше натпис со силна порака, кој гласеше „Не си сама“.