(ФОТО) Ердоган кум на гламурозна свадба на познат фудбалер

Добивај вести на Viber

Фудбалерот во „Арсенал“, Месут Озил кој е поранешен репрезентативец на Германија, вчера направи гламурозна свадба со својата избраничка Амина Гул.

Кум беше неговиот близок пријател, турскиот Претседател Реџеп Тајип Ердоган. Германскиот фудбалер со турско потекло организирал свадба со сите адети. На црвениот тепих, младите биле пречекани со зурли и со тапани.

Месут и Амина се откажале од од скапоцените подароци, и на своите гости им нагласиле парите да ги донираат за деца од 1.000 различни држави од целиот свет. 

Ердоган и неговата сопруга Емине биле едни од највеселите гости на свадбата која се одржала во хотелот „Фор сизнс“ на Бешикташ во Истанбул. Ердоган со пригоден говор им посакал среќа на младите.