Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Фустанот на Меган Маркл распродаден за еден ден
Меган Маркл не престанува да воодушевува со модните избори. Војвотката од Сасекс продолжува да ги игнорира конзервативните правила на кралското семејство кога е облеката во прашање, а со последното појавување во јавноста пријатно ги изненади сите.
Инспирирана од едно издание на покојната принцеза Дајана, Маркл се одлучи за виолетов фустан со шлиц кој го потпишува Artizia. Креацијата е надополнета и повеќе од ефикасно, со моќен капут на канадската модна куќа Sentaler и со салонки во иста нијанса.
За разлика од капутот кој не може секој да си го приушти, фустанот чини само 50 долари и е распродаден за помалку од 24 часа.