(ФОТО ГАЛЕРИЈА ОД КОЗЈАК) Убавините на Македонија: Идеално место за романтични прослави и за инстаграмџии

Добивај вести на Viber

Женски Магазин со продолжение на серијалот „Убавините на Македонија“, со фото-репортажи од прекрасните места што ги има нашата земја

Магична е глетката одозгора на Козјак, најголемото вештачко езеро кај нас. Рај за очи е моментот кога ќе стасате над Козјак, но и рај за инстаграмџии. Панорамскиот поглед на него го има на речиси сите Инстаграм профили на вљубениците на излетите во природа.

Излети се прават и долу, на самото езеро. Неговата убавина е инспирација и за други поводи. Двајца млади од Скопје, го избраа токму Козјак за да ја прослават годишнината од својата љубов. Како во најпрефинет ресторан, само што ресторанот е на трева, тие си имаа подготвено вино, чаши и закуска послани на чаршаф и уживаа во романтичната прослава на сигурен терен, кога во време на пандемијата не се препорачува мешање меѓу луѓе во рестораните.

За оние кои никогаш не биле на Козјак, сместено е помеѓу планината Сува Гора на запад и резервоарот Јасен на исток. Кон езерото може да се стаса од две места. Скопскиот, оној по кој одевме ние под јужните падини на Водно, по Сопиште, Долно Соње и Нова Брезница. Јужниот пристап кон езерото води од Македонски Брод, по течението на реката Треска. Езерото се наоѓа на надморска височина од неполни 300 метри.

Целото езеро е долго 32 километри, а некаде е длабоко и до 130 метри. Максималното растојание од едниот до другиот брег е 400 метри. Браната која ја има езерото е со висина од 126 метри. Браната почна да се гради во 1994 година, а завршена и пуштена во употреба е во 2004 годна. Водата од акумулацијата се користи првенствено за хидроенереттски цели, но и како вода за наводнување на Скопско Поле.

Освен рај за излетници, Козјак е рак и за рибари. Поточна пастрмка, клен, кркушка, јагула, крап, мрена, сите овие риби ги има во него. Рекреативниот роиболов е дозволен преку целата година, со точно одредени правила, и ловни денови одредени според видот на рибата.  Постојат и посебни мерки за одржување на крапот, кленот, скобустот, мрената и паточната пастрмка. 

Во жешките летни скопски денови, авантуристите се капат во Козјак, најмногу страсните и професионални пливачи кои сакаат да ја испробаат секоја вода што ќе ја видат.

М. Џаровска

Фото: Вангел Тануровски 

(ФОТО ГАЛЕРИЈА ОД КУКЛИЦА) Убавините на Македонија: Куклите скаменети од неостварена љубов, станаа туристичка атракција