(Фото галерија) Valentino Resort колекција 2019

Добивај вести на Viber

Новата колекција на Valentino Resort не враќа во Рим во 70-тите години на минатиот век.

Валентинo ни ги претставува новите фантастични фустани во својот каталог, а инспирација црпи од улица. Инспириран од неговиот роден град Рим, креативниот директор Пјерпаоло Пиколи се осврнува на 70-тите години на минатиот век и еклектичната модна инспирација. „Барокот, ангелите, паганите - во сите овие слоеви лежи убавината на Римјаните", изјави Пјерполо во интервју за списанието „Вог". 

Марами со интересни дезени и класичните силуети се во центарот на вниманието, а интересно е дека во речиси секоја фотографија, не се гледа погледот на моделот кој се крие зад големите очила за сонце. Тоа се баш онакви модели кои го одбележаа среќните 70-ти години, инспирирани од холивудскиот гламур.