(ФОТО) Гавазова слави роденден: Се весели во друштво на сестра ѝ, мајка ѝ, сопругот и најблиските

Фолк пејачката Сузана Гавазова го прослави 41. роденден.

Во кругот на потесното семејство, пејачката синоќа се забавуваше во нејзиниот дом по повод роденденот.
Од видеата и фотографиите кои ги постави на Инстаграм, забележавме дека се работи за мала приватна забава на која присуствувале нејзините најблиски. 
Така, пејачката за прв пат ги покажа и нејзината сестра и мајка ѝ. Покрај нив на забавата беа и нејзините внуци, роднини и се разбира нејзините две ќерки Селена и Емили, како и сопругот Јасмин.

Сузана, за роденденот ја истакна нејзината фигура во бел, припиен фустан кој одлично ѝ прилега.

Во прилог погледнете ја галеријата со фотографии од роденденот на Гавазова:

фотографии: instagram/suzanagavazova