Емили и Селена пораснаа, позираат покрај Новогодишната елка: Еуфорично во домот на Гавазова

Добивај вести на Viber

фото:Instagram/suzanagavazova

Светна Новогодишната елка во домот на Гавазова.

Традиционално, на почетокот од декември веќе наголемо се чувствува празничната еуфорија во нашите домови, па сите час поскоро брзаме да ги накитиме Новогодишните елки, особено доколку дома имаме мали деца кои најмногу се радуваат на украсувањето.

Познатите веќе почнаа да споделуваат Новогодишни амбиенти во нивните домови, па така и Гавазова покажа на Инстаграм како изгледа нејзината елка.

Сузана е мајка на две прекрасни девојчиња, Емили и Селена, тие се веќе големи девојки кои несомнено учествувале во украсувањето на домот. 

Пејачката неодамна во интервју за Женски магазин ни откри дека нејзините девојчиња покажуваат афинитети кон музиката, можеби една од нив ќе ја наследи мама, а можеби и двете ќе станат успешни пејачки како Сузана Гавазова.

Погледнете ја галеријата од Новогодишниот амбиент во домот на Гавазова: