Иако беше рано утро во Австралија, станаа за да го гледат мојот концерт во живо: Сузана Гавазова за Женски магазин

Добивај вести на Viber

Познатата фолк пејачка Сузана Гавазова за Женски магазин, вели дека најмногу во оваа време-невреме и недостигаат патувањата од една во друга земја, но дека сега повеќе од било кога се одморила и ужива со семејството и девојчињата. Гавазова, неколку викенди во живо ја забавува јавноста со свои лајф концерти, како што вели таа, тоа што го прави е важно и барем за момент граѓаните да заборават на коронавирусот.

„Презадоволна сум од одзивот на граѓаните на моите лајф концерти, не очекував толку многу луѓе да ме гледат и да уживаат во тоа што го презентирам. Сакам да ја искористам приликава и да им се заблагодарам на сите и да ги поздравам“, вели фолк пејачката. Сузана, исто така додава дека во далечна Автсралија за време на нејзините концерти во живо било утро, 06:00 часот но, таму луѓето станувале за не го испуштат концерот на Гавазова и да уживаат со неа.


Гавазова вели дека ќе продолжи со концертите, бидејќи тоа за неа е важно, барем за кратко граѓаните да забораваат на пандемијата со која се соочува светот и да уживаат во музика заедно со неа. „ Моите концерти во живо ме исполнуваат многу, јас секако морам да ги тренирам гласните жици, па зошто да не уживаат и моите фанови додека сме сите во карантин и полесно да го поминеме оваа“, вели Сузана и истакнува дека нејзините песни „Вечно мој“, „Милиони долари“, „Бум Бум“, „Опасна за око“ и наши Македонски изворни песни се најпорачувани од страна на нејзините фанови и луѓето кои ја следат на нејзините онлајн концерти.


Фолк пејачката за читателите на Женски магазин сподели дека на последниот нејзин концерт во живо таа ја промовирала и својата најнова песна насловена: „Апсолутно мој“

Гавазова вели дека во карантинот најмногу и недостига патувањето од една во друга земја, аеродромите и авионите. Но, за неа сепак оваа домашна изолација е добра, бидејќи се одморила и ужива со девојчињата. „ Дома ми е многу убаво, никогаш немам така убаво одморено. Со децата сме креативни повеќе отколку што бевме, учиме заедно, цртаме, пееме, играме, учиме стихотворби, навистина ни е забавно“, споделува Сузана.


Сузана е мајка на две прекрасни девојчиња, Емили и Селена, за кои вели дека покажуваат афинитети кон музиката. „ И двете имаат желба да пеат, јас не им ја наметнувам музиката, тие сами покажуваат афинитети кон музиката, кон пеењето и танцувањето“, вели фолк дивата.



Деновите во изолација, некој повеќе друг помалку го поминува во кујна, а Сузана вели дека овој период омилен рецепт нејзин и на нејзиното семејство им е Баница со сирење и спанаќ.

Ја прашавме како се негува дома, во време на изолација, а таа вели дека воопшто не и е тешко да се негува сама, дека имала доста искуство во тоа. „Цел живот сум со козметичари, шминкери и фризери и имам научесно многу од нив за негувањето“, а на прашањето кога ќе помине пандемијата, кога ќе можеме слобондо да се движиме и патуваме, што прво ќе направи Гавазова одговори: „Што прво ќе направам: Ќе одам во ресторан“.


Н. Миланова