Животна училница // Приказни
(ФОТО) Ѓоко Танески и ќерката истрчаа 5 километри на дожд на „Охрид трчат“
- 02 Јуни, 2019
Денеска во Охрид се одржа „Охрид трчат“. На настанот, познатиот музичар Ѓоко Танески со својата постара ќерка Анастасија истрча 5 километри.
Гордата сопругата Розе ги објави фотографиите на Фејсбук, на кои се гледа дека покрај временските неприлики, нејзиниот сопруг и 11 годишна ќерка ја исполнија зацртаната цел.
Танески и неговата сопруга Розе која е сопственичка на козметички салон се во среќен брак повеќе од 11 години. Освен Анастасија, нивна гордост е и помладата ќерка, Михаела која има неполни седум години.