(ФОТО) Хари ја остави Меган и избега

Добивај вести на Viber

Иако, со месеци пред раѓањето на детето родителите се припремаат за се што носи родителството, кога бебето доаѓа на свет тешко е привикнувањето на реалноста, која во најголемиот број случаи носи непроспиени ноќи. 

Таквите работи не ги заобиколуваат ниту богатите и славните, а најмалку пак членовите од кралското семјство, па најголемиот проблем со кој се соочуваат Меган Маркл и принцот Хари е токму недоволното спиење.

Иако поминаа само неколку дена од раѓањето на синот Арчи, кога го претставија пред јавноста, открија дека тој е најмирното бебе што секој би го посакал за свое, се чини дека ситуацијата од тогаш се променила.

Како што открил Мајкл, добар пријател на принцот Хари, новопечениот татко е прилично ненаспиен, поради што „побегнал“ во Рим! Двајцата мажи поразговарале овие денови додека престојуваат во Италија, поради поло купот, а принцот Хари ја искористил оваа прилика за малку да му се пожали на својот стар пријател.

Инаку, патувањето во Рим е неговото прво излегување од дома, откако стана татко. Според изјавата на Мајкл, преноќевањето во Рим добро му дошло на Хари, токму поради неможноста да се наспие дома, поради плачот на малиот Арчи, кој постојани ги буди новопечените родители.