(Фото) Хрватската претседателка и во Брисел во стилот на „коцкестите“

Добивај вести на Viber

Колинда Грабар-Китаровиќ синоќа не можеше повторно да биде дел од Мундијалот во Русија, како минатиот пат кога гордо навиваше од ложата, но харизматичната претседателка ќе биде во ложата на „Лужники“ стадионот во Москва в недела, на финалето меѓу Хрватска и Франција.


Имено, Колинда е во Брисел, каде што се одржува Самит на НАТО, но на сите веќе им е јасно каде и се срцето и мислите. Хрватската претседателка меѓу светските лидери се појави во многу интересна стилска комбинација.

Колинда на работната вечер дојде во црвено сако и облека, а околу вратот стави шал во претпознатливиот стил на „коцкестите“.

Оваа комбинација очигледно им се допадна на светските официјални лица, меѓу кои беше и премиерот на Република Македонија, Зоран Заев кој и упати искрени честитки на Колинда по победата, додека таа облече фустан во дрес на хрватската репрезентација.

Таа на својот Фејсбук профил еуфорично им честиташе на сите за влезот во финале и ги пофали „ватрените“ за целиот успех и труд.