(ФОТО) Дезенирани хулахопки како задолжително модно парче: Модели што се апсолутен хит оваа пролет
Кога е во прашање модата, раната пролет за многумина е омилено годишно време, поради преубавите комбинации на фустани и чизми, како и здолништа и патики...
Со ваквите комбинации од практични причини ( за да не ни биде ладно) носиме хулахопки, а факт е дека дезенираните хулахопки оваа сезона се еден од водечките трендови.
Ова се најпопуларните дезенирани хулахопки за оваа пролет:
1. Со животински принт
Што посмелo - тоа подобро. Комбинирајте ги хулахопките со животински принт
со едноставен фустан или пак покажете храброст, и искомбинирајте ги со тексас здолниште во црна боја и блуза, па ќе изгледате како модел од
светските модни писти, кој ги следи најновите трендови.
Леопардскиот дезен изгледа толку моќно и доминантно, што веднаш ќе бидете забележани. Надполнете го изгледот со лакирани високи потпетици и вашиот омилен мантил или капут.
2. Со точки
Хулахопките со точки се популарни веќе неколку сезони, а најчесто се дел од отмени и нежни комбинации, со оглед на тоа дека даваат нота на романтичен изглед. Оние со мали точкиизгледаат одлично со здолништа и туники, како и фустани, и се прегерираат за дневни комбинации. Хулахопките со крупни точки се идеални за деловни комбинации.
Во ваквите комбинации никогаш не треба да претерувате со бои и да мешате принтови, за да не изгледате смешно.
Доколку повеќе сакате хулахопки со точки во месо боја, нема да погрешите бидејќи ќе одговараат на сите ваши коминации.
3. Со силен шарен дезен
Хулахопките со ваков ефектен дезен се едни од најбараните сезонава. Тие се одлични за специјални настани, доколку ги комбинирате со едноставен фустан, бидејќи сами по себе се доволно примамливи да одвлекуваат внимание.
Одлични се и за дневни комбинации даваат доза на откачен стил и убавина.
4. Со линии
Дезенот со линии меѓу најпопуларните модни принтови веќе неколку сезони. Хулахопки со линии има во најразлични варијанти, но сите се модерни.
Хулахопките со линии носат доза сексапил со себе и ја прават секоја модна комбинација посебна. Со истакнати линии или пак со раб на средината на задната страна на хулахопките, може да ги комбинирате со елегантни здолништа и фустани, во придружба на високи потпетици.
5. Со мал нежен детал
Доколку сте тип на жена која преферира едноставност, но сепак сака да биде посебна и во свој стил, хулахопките со срце скриено во горниот дел ќе направат да изгледате мистично и полно со самодоверба.
Со нив дефинитивно може да правите најразлични комбинации, одговараат на секој аутфит, без разлика дали станува збор за лежерна или пак елегантна комбинација. Станува збор за удобни хулахопки кои даваат совршен изглед на ногата.
6. Со ситна мрежа
Мрежестите хулахопки се популарни со децении, особено поради магичниот ефект визуелно да ги отстранат евентуалните недостатоци на нозете.
Оваа сезона најпопуларна е ситната мрежа, а дава можност за најразлични аутфити.
7. Бели хулахопки со точки
Иако црната боја е најприфатена кога станува збор за хулахопки, белите хулахопки може да изгледаат исто толку шик, плус тоа ќе направат вашите потпетици во боја да дојдат до израз уште повеќе.
Ќе направат да изгледате ретро, а во исто време толку модерно.
8. Бонус, кратки дезенирани чорапи
Комбинациите со патики ќе изгледаат уште поинтересно со вакви кратки чорапи со дезен.
Специфични и „кул“, овие чорапи се идеални за топлите денови.
Д.К.