(ФОТО) Играчките ги замени со музички инструменти: Ќерката на Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ порасна

Познатата поп-пејачка Јелена Томашевиќ и актерот Иван Босиљчиќ, се долго време заедно. Плод на нивната љубов е малата Нина, која до неодамна ја криеја од очите на јавноста. Сепак во последно време двајцата почнаа да споделуваат фамилијарни моменти со преслатката ќеркичка.

Малата Нина го наследи музичкиот талент од своите родители и таа свири на клавир, а овојпат ја гледаме и во музичка продавница со својот татко.

- Лесно од продавница за играчки преминавме во продавница за музички инструменти! Еј ама растеме- напиша гордиот татко под нивната заедничка фотографија.