Се вљубил во неа пред првиот состанок: Дали сте ја слушнале љубовната приказна на Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ?

Добивај вести на Viber

Тие се една од најсреќните двојки на балканската јавна сцена и секако имаат една од најинтересните приказни за својата љубов...

Иако актерот Иван Босиљчиќ и пејачката Јелена Томашевиќ ја започнале врска во 2018 година, тој бил вљубен во неа многу порано пред првиот состанок. Како што раскажа во една прилика, актерот и понатаму го памети моментот кога првпат ја видел Јелена - на телевизиските екрани.

„Додека сум жив ќе го паметам моментот кога овој настап го гледав на телевизија. Пред 11 години. Денес таа е моја жена. И јас сум нејзин маж. „Јутро“, 2005 година“ - напиша Иван пред неколку години на својот профил на Инстаграм, присетувајќи се на настапот на Беовизија на Јелена.

View this post on Instagram

A post shared by Ivan Bosiljcic (@ivanbosiljcicofficial) on


Откако во 2008 година се сретнале и засакале, двојката која е позната по тоа што својата приватност ја чува далеку од медиумите се обиде да ја сокрие и својата врска. Сепак, за време на една романтична прошетка на црногорското приморје, Иван и Јелена биле видени заедно и цел Балкан разбра дека еден од најпосакуваните актери во Србија и убавицата со магичен глас се вљубени еден во друг.

По една година, се пишуваше дека двојката раскинала, а ниту еден од нив двајца не сакаше да ги коментира овие шпекулации. На некој начин, тоа се потврди кога Томашевиќ не се појави на концертот на Иван.

„Јелена не треба да ја очекувате. Инаку, ќе се трудам да ги мешам приватното и професионалното поле“ - беше единственото нешто што ги изјави актерот на оваа тема.

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Tomasevic Bosiljcic (@jelenatomasevic_official) on


Една година подоцна, Иван и Јелена се смирија, а на 21 јуни во Лондон кога ниту најблиски не знаеле дека ја обновиле врската, актерот и пејачката се верија. Како што откри Иван во една прилика, за нејзината рака не требало да ги прашува родителите на Јелена, туку малата внука.

„Внуката на Јелена, Ѓурѓа имаше две години. И беше главен чувар на својата тетка. Кога отидов да ја побарам нејзината рака, не барав дозвола од нејзините мајка и татко, туку од Ѓурѓа. Малечката беше сериозен играч“ - се присети Иван.

Кон крајот на месец август во 2011 година, во црквата Св. Тројца во Горни Милановац, една од најшармантните двојки се заколна на вечна љубов, а неколку дена подоцна имаше и граѓанска венчавка и свадба. 

Веќе следната година, на свет пристигна нивната ќерка Нина, а двојката и покрај бројните обврски и работата во Русија на Иван, остана многу посветена на семејството и заљубена до уши.

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Tomasevic Bosiljcic (@jelenatomasevic_official) on


Не кријат дека би сакале повторно да се остварат во улогата на родители, а пред неколку месеци се зборуваше дека двојката се обидува со помош на вештачко оплодување да го направи тоа, но набрзо тие двајца го демантираа ова.

„Ние се уште живееме со надеж дека по природен пат ќе добиеме уште деца. Но, секако ги разбираме и поддржуваме луѓето кои се принудени потомството да го добијат со вештачко оплодување“ - истакнаа на Инстаграм.

Инаку, парот денес има повод славење, а тоа 9 - годишнината од брак.