(ФОТО) Изгледот на Каролина Гочева на Струмица опен фестивал

Добивај вести на Viber

Вчера во рамките на седмото издание на Струмица опен фестивал концерт имаше пејачката Каролина Гочева.


Пред струмичани, македонското девојче повторно докажа дека има изграден стил, на кој не може да се најдат замерки. Во црни панталони со висок струк со впечатлив ремен, црни сандали со отворени прсти и маица на прерамки, таа изгледаше лежерно и модерно. 


Дополнително Гочева за оваа прилика одбра едноставна фризура, малку виткана на долниот дел и минимална шминка. 


Како вас ви се допаѓа изгледот на Гочева?

Фото: Ѓорги Вацев и Среќко Генчев