(ФОТО) Јан, синот на Влатко Стефановски прослави матура

Добивај вести на Viber

Најголемата гордост на Влатко Стефановски се неговите деца, Јан и Ана. Гитарскиот виртуоз објави фотографија со децата, од матурата на синот Јан, кој заврши во гимназијата НОВА.

Ќерката Ана е на докторски студии во Италија, на Универзитетот во Падова. Јан од татко си ја наследи љубовта кон музиката, тој веќе некое време свири тапани како дел од „Влатко Стефановски трио.“

Триото на Стефановски имаше емотивен настап пред концертот на Стинг во Скопје. „Ова е ВС трио, верзија три“, рече Влатко по настапот. Со песната „Јовано Јованке“, познатиот музичар му ја честиташе шампионската титула на РК Вардар и ја нарече „песна која далеку фрла“. Концертот на домашното трио заврши со овации и култната „Бистра вода“. Влатко имаше можност да се дружи со Стинг пред концертот. Заедничка фотографија, тој објави на неговиот Инстаграм профил.