(ФОТО) Јана Стојановска во петтиот месец од бременоста во бикини во Грција

Актерката Јана Стојановска која овој месец ќе се мажи за црногорскиот кошаркар Андрија Бојиќ уживаше на одмор во Грција. Јана е во во петтиот месец од бременоста, и вели дека не чувствува трема пред свадбата, која е закажана во еден хотел во Белград. Актерката објави фотографија како одмара на плажа. 

„Се вратив одморена. Има уште две недели до свадбата и сега почнуваат главните подготовки“, ни изјави актерката. 

„ Андрија сака девојче, тие се тројца браќа во семејството, а има и внук од брат му. Црногорска фамилија се. Но, спротивно на тоа, ете мислам дека сите сакаат девојче. Јас, сакам и девојче и машко. Целиот живот сум посакувала девојче, но ете, од пред една година сѐ ме влече на машко“, изјави Јана неодамна за Женски магазин.

„Силвија е пресреќна, Ана исто“, додаде актерката за радоста на мајка ѝ на сестра ѝ, познатите актерки. Стојановска вели дека ако навистина роди ќерка, сите ќе ја чуваат како принцеза.

Јана со идниот сопруг, Андрија Бојиќ 

Јана и Андрија се запознале минатата година во април, кога кошаркарот на МЗТ играл во Полска. Тој на Јутјуб ја слушнал нејзината песна „Празни зборови“ која ја сними во дует со Влатко Илиевски. Кога дошол во Скопје, решил да ѝ напише порака. „Потоа ми дојде на претстава и сѐ беше судбински“, ни ја раскажа Јана љубовната приказна со идниот сопруг.

За свадбата, таа вели дека ќе биде со многу гости, и најважно ѝ е тие убаво да си поминат. М.Џ.