Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Јавноста ова прв пат го гледа: Војвотката Камила Паркер (71) во костим за капење
Војвотката Камила Паркер моментално се наоѓа на четиридневна турнеја во Барбадос, заедно со сопругот принцот Чарлс.
Кога станува збор за кралското семејство, навикнати сме да ги гледаме во скапи и елегантни фустани или костими.
Со оглед на тоа дека секогаш внимаваат и одат на тајни локации кога патуваат, малку луѓе успеале да ја видат Камила во костим за капење.
Но како што секое правило има исклучок, така папараците успеаја да ја уловат војвотката на плажа во едноделен син костим за капење, опуштена и своја без сопругот, на кому сонцето и солената вода не му се допаѓаат!