Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Јелена Розга и Тамара Тодевска во ист фустан од 19.000 денари: На која подобро ѝ стои?
Викендов пејачката Тамара Тодевска на 16-тото издание на „Бела ноќ“ во Скопје, на сцената заблеска во тренди кошула-фустан, парче од брендот DIESEL, од групацијата Fashion group.
Во истиот кошула-фустан се појави и хрватската пејачка Јелена Розга. Таа наместо за настап, го облече како дневен аутфит, а го искомбинира со високи црни чизми. Тамара ја одобри комбинацијата и ѝ стави „лајк“ на Розга.
Кошула-фустанот Diesel може да биде ваш за 18.890 денари.