Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Јелена Розга изненади со фустан со деколте
Нејзиниот стил е секогаш различен. Хрватската ѕвезда Јелена Розга до сега сме имале можност да ја видиме во секакво издание, од класична елеганција, до екстравагантни фустани прилагодени на настанот на кој присуствува.
Сепак, убавата пејачка од Сплит, иако е позната по ултра кусите здолништа и фустани, ретко кога го истакнува своето деколте. Розга, на својот Инстаграм профил пријатно ги изненади фановите, со фотографијата во тесен кафен фустан на кој најмногу внимание привлече со деколтето.
Поранешната девојка на Стјепан Хаусер од дуото „Ту челос“, иако и самата изјави дека не се смета за сексапилна личност, со оваа фотографија сосема се демантираше.