Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Јована Стојменовиќ во „oversized“ костим во бојата на сезоната
Водителката на утринската програма „Ја сакам Македонија“ на „Сител“ на црвениот тепих на доделувањето на наградите на „Story“ се појави во многу впечатлив стајлинг.
Имено станува збор за модерен „oversized“ костим во бојата која дефинитивно ќе ја обележи оваа пролетна сезона.
Стојменовиќ ваквата комбинација ја заврши со едноставни високи потпетици, светкава плил чанта и минимално накит. Косата и бреше во препознатливите локни, а преовладуваше природната шминка.
Откривајќи ги своите ритуали за убавина, Јована за Женски Магазин откри дека многу внимава на негата на косата, карминот ѝ е најважен дел од шминката, и си вети дека наскоро активно ќе им се врати на фитнесот и на аеробикот.