(ФОТО) Како изгледала Цеца на првиот концерт во Струга
Пред 29 години, Цеца Ражнатовиќ го одржа својот прв концерт кај нас, во Струга. Го организираше познатиот македонски диџеј и менаџер Славе Келешовски. Тој на својот Фејсбук профил се потсети на 1990 година кога фолк-ѕвездата пеела во Струга и била гостинка во неговиот локал.
Цеца и Славе Келешовски во неговиот локал во Струга
„За потсетување, да се знае, Цеца за прв пат во Македонија ја донесов јас. И тоа пред 29 години, имавме концерт во Струга. Инаку, концерти одржавме и во повеќе градови во Македонија“, вели Келешовски.
Во организација на ревијата „Екран“, во осумдесетите и во деведесетите години се избираше најдобар диџеј. На изборот, Славе победи неколку пати.
Тој сега се знимава со угостителски бизнис и живее на релација Флорида-Охрид со семејството. Кога во летниот период доаѓа дома, знае да организира ретро- забави на кои ги весели своите пријатели, пуштајќи музика под прекарот по кој е познат, диџеј Крејзи.