Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Како сестри: Викторија Лоба е убава на мајка ѝ
Пејачката Викторија Лоба, секогаш атрактивна и во топ форма, плени со својата убавина. Ако се прашувате кој е заслужен за тоа, судејќи по фотографиите сигурно може да се забележи дека „главни виновници“ се гените.
Лоба е иста како мајка си, Татјана Луговаја. Тие често пати споделуваат заеднички фотографии и се одлична двојка. Ако некој не ги познава, тешко би направил разлика која е мајката, а која ќерката.
-Најголем ќеф ми е првото утринско кафе да го испијам со мајка ми - откри Лоба за Женски Магазин и потврди дека мајката е најдобра пријателка на ќерката.